(ФОТО) Се враќаат омилените членови на Фамилија Марковски: Од есен нови епизоди од нивното секојдневие!

Серијата „Фамилијата Марковски” чие дејствие е инспирирано од вистинити настани од секојдневието на македонските граѓани, со првата сезона ги освои македонските тв гледачи на кои оние осум епизоди од првата сезона им беа малку…
Продуцентите поттикнати од одличниот прием на серијата веќе ја работата втората сезона која на програмата терба да биде на есен, но засега не откриваат многу детали како на пример бројот на епизодите или содржината
Да потсетиме, првата сезона имаше осум епизоди во кои беа претставени приказните на Иван, Лиле, Јана, Виктор и Бојан Марковски кои се соочуваат со многу предизвици што ги носи животот во едно општество со константни политички и социјални турбуленции.


Режисер беше Даријан Пејовски, а главните улоги ги толкуваа: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска.
„Целта беше да се креира серија која ќе кореспондира со реалноста која ја живеат македонските граѓани. Во секоја епизода се прикажани различни проблеми со кои се соочуваат главните протагонисти, а кои воедно се и проблеми со кои се соочува самата држава. Станува збор за фамилијарна драма и иако се зборува за конкретна фамилија- Марковски, во приказните или во одредени сегменти од нив ќе се препознаат голем број на гледачи“, истакнаа од продукцијата.


Александар Микиќ го играше ликот на таткото и сопруг Иван Марковски чии планови и амбиции се распаѓаат во времето на приватизацијата поради што прифаќа разни ангажмани и привремени работи играјќи на картата на политичка неутралност.
Силвија Стојановска ја толкуваше сопругата и мајка Лиле која е голем поборник за правда, но нејзината издржливост е ставена на тест откако е присилена да учествува во сомнителни активности на своето работно место.


Младата актерка Тамара Ристоска се појави во улогата на најстарото дете во фамилијата Марковски, Јана која се соочува со морална дилема – дали да застане зад сомнителните проекти на архитектонското студио во кое работи, а го води нејзиното момче, или да го зачува сопствениот интегритет.
Владимир Петровиќ го играше Виктор Марковски кој и покрај магистерската диплома се мачи да најде работа, а паралелно крие и голема тајна од своите најблиски. Ликот на најмалото дете, Бојан Марковски го толкуваше младиот Петар Петковски на кого ова му беше прво актерско искуство. Тој играше 15.годишно момче чија пасија е снимање на видео – блогови (влогови) што од забава стануваат негова моќна алатка за иницирање на промени.

Во серијата играа и Сабина Ајрула, Сашко Коцев, Горан Трифуновски, Драган Спасов – Дац, Нино Леви, Зоран Љутков, Ивица Димитријевиќ,Сара Климовска, Јовица Михајловски, Предраг Павловски и многу други. Во „Фамилијата Марковски” голем дел од улогите ги толкуваат млади основци и средношколци кои првпат се појавуваат во телевизиски проект.
Очекуваме продукцијата анскоро да излезе соповеќе детали за новата, втора сезона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …