ПР текст – Vip воведува Smart Home: Иновативно решение за автоматизација на домот

Телекомуникациската компанија Vip со гордост ја најавува најновата услуга во своето портфолио базирана на вештачка интелигенција и го претставува Smart Home, паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел зголемување на удобноста во секојдневното живеење, сигурноста и безбедноста.
Најновото паметно решение, Vip Smart Home овозможува преку користење на едноставна апликација од смартфон, корисникот да управува со електричните уреди во домот и да провери дали е сè во ред во секое време, од кое било место.
Vip Smart Home е достапен преку четири пакети: Vip Smart Home Basic, Vip Smart HomeProtect, Vip Smart Home Comfort иVip Smart Home Office . Со активација на еден од пакетитево Vip Smart Home S тарифатасо договор на 24 месеци во промотивниот период корисникот може да ја добие услугата без претплата.


“Во насока на обезбедување на дигитални, модерни решенија, достапни за сите, денеска ја лансираме новата услуга VipSmart Home. Овој производ нуди висококавлитетни уреди, со што обезбедува доверливост на услугата, едноставно и интуитивно користење, како и пристапни цени. Vip Smart Home нуди голем број на можности за автоматизација на домот, за сите корисници кои сакаат да се чувствуваат безбедно и удобно во секое време од денот”, изјави Бисера Николова, раководител на одделот за резидентни кориснициво Vip.
Vip Smart Home се инсталира на многу лесен и едноставен начин и е достапен за сите корисници кои имаат интернет пришто автоматски се прилагодува на дневните рутини и навики, функционира преку централната единица која ги поврзува паметните уреди со смартфон на корисникот и овозможува да ги управува сите уреди од било кое место.
Паметниот приклучок овозможува раководење со кој било електричен уред кој е со моќност до 2500 w преку смартфон или таблет, без разлика од местото на кое се наоѓа корисникот. Благодарение на сензорот кој функционира со магнет, корисникот секогаш знае дали вратите и прозорците во домот се затворени. Повеќенаменскиот сензор автоматски го детектира секое движење и овозможува мерење на температура и интензитет на светлината, а внатрешната камера овозможува следење на случувањата во домот на корисникот како и снимање во радиус од 115 °, со можност за HD видео стриминг и ноќно снимање. Во комбинација со повеќенаменските сензори, камерата започнува со снимање штом се активира сензорот.
Паметната сијалица овозможува лесно контролирање на осветлувањето во домот и е дизајнирана за рачна и автоматска контрола на светлината. Со неа, лесно може да биде одреден тонот на бојата и интензитетот на светлината од каде било.
Повеќе информации можете да најдете на веб страницата www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Vip на 077 1234.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …