(ВИДЕО) КУЧЕ ХЕРОЈ: Се жртвувал и спасил дете од волк!

Куче спасило десетгодишно момче од волк кој излегол од шумата во рускиот град Синдор во Република Коми. Камерите за видео надзор го снимиле херојскиот чин на домашното милениче кој го дал својот живот за да спаси дете.
Три деца надвор си играле криенка, а едно од нив се криеше зад смет од снег. Волкот што излегол од шумата, се упатил кон детето. Териерот го забележал дивиот ѕвер, започнал да лае и истрчал кон него.
Наместо да го фати детето, волкот притрча кон кучето и го фати со челуста. Локалното население, кое забележало што се случува, истрчале викајќи кон волкот. Ѕверот го ослободил кучето и побегнал во шумата, но териерот не бил спасен.
Според Николај Халак, шефот на администрацијата на Синдор, инцидентот бил пријавен кај надлежните државни служби. Формиран е тим кој треба да реагира доколку волкот се појави повторно во населбата, објавил „Коминформ“.


Фото: Скриншот/Youtube.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …