(ВИДЕО) КОРИСНИ СОВЕТИ – „Ова е ужасно“: Знаете ли дека дрвените лажици се плодно тло за нечистотија? Исчистете ги со овој трик

Дрвените лажици се користат речиси секој ден, но ретко кој размислува за нивната чистота. Кога ќе завршиме со готвењето, едноставно ги бришеме или ги ставаме во машина за миење садови.
Меѓутоа, една жена открила дека тоа не е доволно да се исчисти правилно. Во нејзиното видео на TikTok, таа открила како длабоко се чистат дрвените лажици и покажала колку всушност има нечистотија на нив.
Нејзиното видео собрало повеќе од 13. милиони прегледи, но и многумина шокирало.

@miss.clean.with.me I was not prepared for this🤢 Tiktok teaches me so much! #clean #cleaning #satisfying #asmr #cleantok #foryou #fyp ♬ Bubble pop electric – 𝒂𝒖𝒅𝒊𝒐𝒔 ꨄ


Таа покажала како својата дрвена лажица ја става во чаша со топла вода и ја оставила да отстои околу 30 минути. По тоа време, водата станала заматена и полна со честички нечистотија.
Многумина не можеле да поверуваат колку нечистотија има на една лажица.
– Се плашам да го направам ова. Кој знае што ќе откријам – коментирал еден корисник, додека друг рекол: “Дрвените работи содржат најмногу бактерии и мувла. Тие апсорбираат сè како сунѓер!”

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОВО ОД ВИТАЛИА! Крцкави мусли со двојно чоколадо за здрав почеток на денот

Добриот појадок може да донесе повеќе здравствени придобивки, да ја подобри когнитивната способност, да го …