(ВИДЕО) Колку живеел за кошарката Коби Брајант објаснил во емотивниот филм за кој добил Оскар!

Светот е потресен од веста дека легендарниот кошаркар Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Неговите соиграчи, пријатели и навивачи се во шок и не можат да веруваат дека светот остана без Коби.
Што за него значела кошарката тој маестрално објаснил во краткиот анимиран филм „Драга кошарко“, за кој ја доби наградата на Американската филмска академија – Оскар, пред две години. Во тој филм тој излезе со детали од неговата богата кошаркарска кариера.


Брајант, кој е петкратен освојувач на НБА прстенот, е првиот кошаркар што освои Оскар.
“Откако памтам, ги виткав чорапите на татко ми, правејќи ги топка и ги фрлав во корпа. Се заљубив во тебе”, вели тој на почетокот на филмот во кој и се обраќа на неа, односно на играта што обожавал да ја игра – кошарката.
„Таа љубов е толку длабока, се дадов цел“, продолжува Брајант.
Тој во овој краток анимиран филм, открил дека се заљубува во кошарката на шестгодишна возраст, дека и го дал срцето и дека добил многу од неа. Тој исто така открил дека се чувствувал жив додека играл.


Во филмот, големиот Коби се збогуваше од неговата играчка кариера:
„Сега е реално време да се збогуваме од тебе“, рекол Коби.
Филмот се заснова на неговото славно писмо а кое претставува омаж на неговата професионална кариера, почит на спортот со кој се занимава, а Брајант е и продуцент.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …