(ВИДЕО) Клои Кардашијан ја покажала ќерката: Запознајте ја Тру – копија на својот татко!

Клои Кардашијан пред еден месец ја родила ќерката Тру, а сега одлучила со своите фанови да сподели снимки од својата миленичка.
Верните фанови го дочекале и тој момент. Една од најпознатите мајки на светот – Клои Кардашијан и’ официјално, по прв пат, на својот профил на Инстаграм, ја претставила наследничката. Во видеото малечката Тру, со округли дебелки обрасчиња, има филтер од цвет во косата, и неодолливо потсетув на малечките Хавајки.
Гордата мама во видеото на својата миленичка и вели Те сакам, убаво девојче“, а под фотката едноставно напишала „Среќен прв месец, Тру“.

💕Happy One Month True 💕


A post shared by Khloé (@khloekardashian) on


Во првите два часа ова видео достигнало неверојатни осум милиони прегледи, за да сега веќе бројката надмине 24. милиони. Покрај десетиците илјади коментари највпечатлив бил овој од познатата тетка Ким Кардашијан.
„Најубаво девојче на светот“, напишала за својата внука најпознатата реална ѕвезда во светот.

Ким има две девојчиња – Чикаго и Норт Вест, како и синот Сеинт, но како и секоја горда тетка, децтаа на своите сестри ги сака колку и своите.
Нејзината сестра на тоа возвратила:„Тетка Кики, таа те обожува“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …