(ВИДЕО) КАНАДСКИ ТИНЕЈЏЕР СО GoPro КАМЕРА ЗАРОНИЛ ДЛАБОКО ВО МАТНО ЕЗЕРО:Она што го видел и помогнало на полицијата да реши случај стар 27. години!

Кога канадскиот тинејџер Макс Веренка (13) од Ревелсток, Британска Колумбија открил потонат автомобил на дното на езерото Грифин, тој немал идеја дека ќе и помогне на полицијата да го реши 27-годишниот случај.
Веренка се наоѓал на езерото кога на длабочина од 4,5 метри забележал нешто што личело на превртено возило. Ја известил полицијата и ги однел на местото на настанот, а потоа се нурнал со неговата камера GoPro и снимил што пронашол.
Бидејќи било потврдено дека се работи за потопен автомобил, екипа на полициски нуркачи пристигнала три дена подоцна, зачудени кога го пронашле телото на 69-годишната Џенет Ферис од островот Ванкувер, која исчезнала пред 27. години.

„Ги одведовме со нашиот чамец и им го покажавме местото“, реколВеренка за CTV News.
Нуркачите ја извадиле регистарската табличка и се покажало дека автомобилот и припаѓал на Џенет Ферис, која исчезнала во 1992. година, додека со нејзиниот автомобил одела на венчавка во Алберта. Полицијата не верува дека станува збор за кривично дело,туку дека слетала од патот за да не се удри во животно а потоа паднала во езерото.


„Кралската полиција ќе го има предвид овој човек како иден кандидат за работа“, реколинспекторот Томас Блекни.
Семејството на исчезнатата жена конечно нашло мир.
„Мислам дека најлошото е кога не знаете што се случило“, рекол нејзиниот син Џорџ Ферис (62) за CTV News.
„Ова е сè уште среќен крај, затоа што сега знаеме каде таа починала и дека се работи за несреќа“.


Екран.мк/Daily Mail
Фото: Screenshot

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Аргентинско танго – курс за почетници

Музика е комплетна кога некој игра, влезете во светот на танцување, научете Аргентинско танго. Наместо …