(ВИДЕО) Како новата 2021. година беше дочекана во светот

Одамна на сите ни беше јасно дека дочекот на новата 2021. година нема да биде како ниту еден порано. Секако, поради пандемијата. Некои среќници новата ја дочекаа на малку традиционален начин, имало и луѓе по улиците на големите градови, но она што е карактеристично за сите големи градови е дека секаде имало огномет.
Погледнете:

Русија во 2021. година влезе со огнометот во Москва.


Како и што се очекуваше, новогодишната ноќ во Дубаи беше грандиозна. По светлосните ефекти, точно на полноќ по локално време беше испукан огномет од Бурџ Калифа.


Огномет имало и во Дака, Бангладеш.


Во Банкок, Тајланд, е одржан величествен огномет.

Вака тоа изгледало на улиците:

Кина за влегувањето во 2021. година подготви вистинска прослава.

Вака изгледало во Вухан.

Новата година започна и во Јапонија, а покрај традиционалниот огномет, има и снимки од улиците на Токио.

Жителите на јужните пацифички острови Самоа и Кирибати беа првите во светот што влегоа во 2021 година, во 11 часот по средноевропско време.
Самоа, архипелаг со 180.000 жители, од економски причини ја смени страната на границата со датуми и се пресели од исток на запад. Затоа сега во новата година влегува прва, а не последна како порано. Жителите на Кирибати и Божиќниот остров отсекогаш биле првите кои влегуваат во Новата година.

На пладне, по наше време, пристигна во Нов Зеланд напладне по локално време.

Во 14. часот, вчера, беше дочекана во Австралија, а во Сиднеј имаше велелепен огномет…

Еве како било во Вашингтон!

И’ Париз новата ја дочека со огномет и светлосни ефекти од Ајфеловата кула.

Јасно е дека пречекот на 2021 година е различен од сето она што го видовме досега затоа што нема големи јавни собири, па затоа ќе биде интересно да се следи како ќе биде дочекана низ целиот свет.

Видео и фото: youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” е отворена изложбата “Пиктограми” од Светлана Попова и Марија Штерјова

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп синоќа 26.04.2024, е отворена изложбата “Пиктограми” од …