(ВИДЕО) Излезе трејлер за најочекуваниот „Бетмен“, прегледан е 10. милиони пати за неколку часа!

Излезе трејлерот за најочекуваниот „Бетмен“, и за само неколку часа собра скоро десет милиони прегледи на Јутјуб. Бетмен во новиот филм го игра Роберт Патинсон, а обожавателите едвај ја чекаат премиерата.
Во трејлерот, кој беше објавен вчера на YouTube каналот на Warner Bros, се прикажани неколку култни ликови, меѓу кои и Catwoman Зое Кравиц, Колин Фарел, како и Пингвин во Бетмобил, кој ги дели улиците и излегува неповреден од експлозии.


Најавата започнува кога полицијата апси маж во кафуле. Млекото во неговото кафе се претвора во знак прашалник, знак за непријателот на Бетмен, The Riddler. Подоцна на снимката, се слуша гласот на Патинсон што ја опишува ситуацијата во Готам Сити: “Ова е буре барут. Ридлер е тој”.
Премиерата е закажана за март следната година.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …