(ВИДЕО) Излезе трејлер за еден од најочекуваните филмови на сезоната, луѓето пишуваат: „Освојува Оскар“

Објавен е нов трејлер за еден од најочекуваните филмови во сезоната на House of Gucci , во кој главната улога ја толкува Лејди Гага.


View this post on Instagram

A post shared by House of Gucci (@houseofguccimovie)


Заплетот на филмот е за Патриша Реџани која станува дел од семејството Гучи и се обидува да се вклучи во семејниот бизнис и покрај незадоволството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи и неговиот татко. Патриша остана најконтроверзната личност во модната индустрија, која во 1995. година беше осудена на 29. години затвор за убиството на нејзиниот сопруг, внука на основачот на модната куќа Гучи.


Во филмот играат и Адам Драјвер, Џаред Лето, Џереми Ајронс, Ал Пачино и Салма Хаек, но судејќи според коментарите под трејлерот, пејачката Лејди Гага најмногу ги воодушевила луѓето со својата глума.

„Гага е толку природна што дури и забораваш дека таа е таа што глуми“, „Таа навистина ја отелотворува улогата што ќе ја посака“, „Ова ќе биде одлично. Гага, ти си кралица“, „Таа е на повисоко ниво. Кога таа ја играше Али, можев да ја видам сенката на самата Гага во глумата, но ова, ова е Патриција”,”Гага дефинитивно ќе добие Оскар за оваа улога”,”Импресивно”,”Знаеме кој добива Оскар”,”Ова е одлично“, се само дел од коментарите.

Филмот на Ридли Скот, за кој многумина предвидуваат дека ќе биде еден од најголемите филмски хитови оваа година, ќе се појави во кината на 25. ноември.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …