(ВИДЕО) ИНТЕРЕСНА КАРТА – Кои се најсреќните, а кои најнесреќните жители на Европа?

На интернет е објавена интересна мапа на која е прикажан индексот на среќата во европските земји.
На профилот на TikTok Map Vault, објавена е мапа која открива кои се најсреќните и најнесреќните Европејци.
Сигурно нема да ве изненади кога ќе слушнете кои се најсреќните Европејци, со оглед на тоа што тие често се на врвот на листата на најсреќни нации, па дури и во светот. Станува збор за жителите на Финска. Иако се наоѓа на север со многу мал број сончеви денови во годината, високиот животен стандард придонесува за среќата на нејзините жители.

@mapvault Cr: @♥️🇨🇦 #europe #geography #maps #mapsandmore #happines #map #mapvault #mapping #germany🇩🇪 #german ♬ dark beach by pastel ghost – jack.


По Финска, чиј индекс на среќа е 7,8, следат Норвешка и Данска со индекс 7,6 и Исланд, Холандија и Швајцарија (7,5).
Сепак, изненадувачки е што најнесреќните луѓе во Европа живеат во Украина. Можеби причината е актуелната војна, но индексот на среќа во Украина е 4,3. Веднаш по Украинците, Албанците се најнесреќни, а потоа следат другите балкански земји.
Нашата земја е на дното на листата на најсреќни земји во Европа, а индексот на среќа е 5,4. Веднаш до нас се Србија, Црна Гора, Хрватска итн.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …