Нашиот Жарко Димоски во улога на слаткарот „Маре“ во новата српска серија „Закопани Тајни“

Актерот, пејач и водител на ‘‘Џентлмен магазин‘‘ Жарко Димоски од 20ти март ќе можеме да го видиме во улогата на слаткарот ‘‘МАРЕ‘‘ во новата српска серија ‘‘Закопани Тајни‘‘.
Серијата „Закопани тајни“ е комбинација од ТВ-роман и семејна драма, со широк спектар на шарени ликови, која комбинира различни жанрови: од виорот на љубовта и страста, посебните драматични моменти, докриминален заговор, мистерија и хумор. Покрај возбудливата приказна со многу шокантни пресврти и изненадувања, во оваа серија ја следиме психологијата на ликовите, чии животи драматично се менуваат.
Серијата го следи животот на богатото семејство Додер, во кое на неверојатен начин се закопани многу семејни тајни. Љубов, семејство, судир меѓу светот на богатите и светот на сиромашните, пријателства, предавства, интриги, интриги, завист, алчност, разочарани очекувања, огорчена борба за пари, моќ и влијание, стремеж кон вистински вредности, но и елементи од трилери, стари семејни тајни кои излегуваат на виделина, мистерии, со многу драма, но и хумор, со исклучително колоритни ликови – се само дел од она што го нуди серијата „Закопани тајни“ игледачите ќе можат да ја следат од 20 март секој работен ден во 21 часот само на ТВ Пинк!

This image has an empty alt attribute; its file name is Zarko.jpg
Сценариото на серијата „Закопани тајни“ го пишува Жарко Јокановиќ, искусен сценарист кој зад себе има едни од најгледаните серии во Србија и регионот, а за режијата се задолжени Владимир Алексиќ и Предраг Марковиќ.
Освен Жарко Димоски во оваа серија глумат дури 67 актери – од познати имиња на српската и југословенската кинематографија, до млади актери кои веќеја освои публиката. Фантастичната актерска екипа ја предводат Мира Бањац, Милица Милша и Данило Челебиќ, а покрај нив гледачите ќе ги видат и Даница Ристовски, Миљан Прљета, Билјана Заверла, Марина Ќосиќ, Небојша Савиќ, СтефанРадоњиќ, Стојан Ѓорѓевиќ, Теодора Томашев, Гала Виденовиќ, Рок Радиш, Снежана Јеремиќ, Јован Радосављевиќ, Наташа Станишиќ, Матеј Поповиќ, Воислав Томиќ, Срна Ланго, Данијела Врањеќовиќ и многу други. Се снима во дури 80 објекти, а се вели дека е една од навеличенствените проекти во историјата на домашната телевизија во смисла на ентериерот и сценографијата.
Луксузот е неизбежен, глумата загарантирана. Интересно е што повеќе од 30 глумци од серијата ‘‘Игра судбине‘‘ ќе учествуваат во оваа серија.
Со нетрпение очекуваме да го видиме Жарко Димоски како го оживува „Маре“ во нова возбудлива и забавна серија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Споделено на Инстаграм – Карлеуша се појавила во шоуто на Џорџина: „Никогаш не мислев дека случајно ќе се видам на Нетфликс“

Јелена Карлеуша синоќа на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа како таа …