(ВИДЕО) “Hobbs & Shaw”: Нова акција со Двејн Џонсон, Џејсон Стетам и Идрис Елба:

Пристигна првиот трејлер спиноф од познатата акција “The Fate of the Furious” во која Двејн Џонсон како агентот Лук Хобс формира неверојатен сојуз со Џејсон Статам во улога на Декард Шо.
Тие двајца ќе се здружат против новиот криминалец Брикстон кој го игра Идрис Елба. Новото филмско остварување на режисерот Дејвид Лич го носи називот “Hobbs & Shaw”.


Стетам оваа акција ја опишал како смешна и подива верзија на франшизата “Fast and Furious”. Како што е кажано, публиката може да очекува некои доста “глупави” сцени.
Ова ќе биде еден од првите филмови од светот на “Fast and Furious” во кој нема да го гледаме Вин Дизел. Американските медиуми долго шпекулираа дека на тоа му претходи конфликтот помеѓу Џонсон и Дизел на снимањето во 2018 година.


Во “Fast and Furious” ќе се појават и Ванеса Кирби, Еиза Гонзалес, Еди Марсан, Тереса Махони и многу други.
Премиерата на филмот е закажана за 2 август оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …