(ВИДЕО) ГРЕШКИ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ: 19. годишен рапер после хитот во кој признал убиство добил 55. години затвор

Младиот американски рапер Тај – К е осуден на 55. години затвор за убиство, а хит песната за тоа, која ја објавил како бегалец, била вклучена во доказниот материјал на обвинителството.
Тејлор МекИнтур (19) со уште шестмина мажи е прогласен за виновен за убиството на Итан Волкер во Менсфилд (Тексас) во јули 2016. година. Тие имале намера да го ограбат Вокер и уште еден дилер, а во текот на нападот во куќата Вокер бил застрелан, пренесува The Guardian.
Девојката на Вокер сведочела дека кога бил убиен рацете му биле кренати во воздух. Адвокатите на раперот тврделе дека тој на испукал ниту еден куршум, а раперот изјавил дека негова работа во грабежот била да ја пронајде дрогата за продажба, но покрај разбојништво е прогласен и виновен за убиство.


View this post on Instagram

keep the biggest pistol even tho I am a small dude


A post shared by TAY-K (@tayk47shawty) on


Кариерата на младиот рапер добила замав откако неговиот случај привлекол многу внимание во медиумите. Откако со само 16. години е осуден за убиство, МекИнтур е ставен во домашен притовр, но во март 2017. година го симнал апаратот за следење од зглобот и избегал. „Еби го тоа срање со апсењето…ќе мораат да ме фатат“, напишал тогаш на Твитер.
Тргнал на север од Тексас во Њу Џерси, каде ја снимил песната „The Race“, во која се фалел со својот статус на бегалец.
“Ain’t beat that case, bitch I did the race”, рапува во неа.

Песната стасала до 44. место на американските топ листи, а ремикс и направиле и други американски истакнати рапери, вклучувајќи и имиња како што се 21 Savage, Tyga и Lil Yachty. Видеото на YouTube е прегледано повеќе од 174. милиони пати, а песната во јануари 2018. година достигнала платинесто издание.
Обвинителите, за време на судењето, го пуштиле спотот од песната и зборовите од песната ги покажале пред судот.
МекИнтур е повторно фатен во јуни 2017. година и е обвинет за две тешки злосторства направени додека бил во бегство – за убиството на 23. годишниот Марк Салдивар, после расправија во Сан Антонио во Тексас и грабеж и претепување на 65. годишниот Овен Пепе во Арлингтон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …