Голема бела ајкула, долга три метри, убила 60-годишен сурфер на австралискиот брег во близина на градот Кингсклиф во Нов Јужен Велс.
Неколку сурфери успеале да ја избркаат ајкулата и да го извлечат нападнатиот човек на плажа, но тој наскоро починал поради многу сериозни повреди на левата нога.
Медицинската помош пристигнала брзо, но за нападнатиуот човек веќе било предоцна.
Полицијата соопштила дека се обидуваат да го идентификуваат повредениот човек и да стапат во контакт со неговото семејство.
„Мажот беше извлечен од водата со помош на некои други сурфери во областа. Но, тој трагично почина на местото на настанот. Тој се здоби со значителна повреда на левата страна на ногата“, изјавил инспекторот на полицијата на новиот Јужен Велс, Мет Кио.
Ова е најмалку трета жртва на напад од ајкула оваа година во Австралија. Во јануари, нуркач почина во близина на Есперанс крај брегот на Западна Австралија. Додека во април, ајкула уби 23-годишен работник за животински свет на Големиот корален гребен.
A surfer has died after being attacked by a shark off a northern NSW beach this morning. Police say several people tried to help the surfer & fought off the shark before taking the injured man to shore. He was given first aid but died at the scene. https://t.co/sjJuuDqIus #7NEWS pic.twitter.com/CChbexORPE
— 7NEWS Australia (@7NewsAustralia) June 7, 2020
„Како што можете да видите, на местото на настанот имаме Surfer Rescue,команда за морското пдорачје и спасувачкиот хелихоптер Westpac. Ајкулата била видена неколку пати веднаш во близина на брегот“, додал инспекторот.
Сите плажи во областа се затворени за капачи и ќе останат затворени најмалку 24 часа.