(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоко Ѓорчев и Катерина Таневска со нов дует: По „Земја библиска“ и „Последен танц“ нешто сосема ново!

Соработките кои донеле одлични резултати не треба да се менуваат.
По тоа гесло се води и Ѓоко Ѓорчев кој подготвува уште еден дует со Катерина Таневска. По успешните проекти за „Последен танц“ (од 1997. година) а која и’ денес ја нема загубено свежината, потоа следуваше „Земја библиска“ снимена во 2001. година (музика – Сашо Ѓорѓиев, текст – Васил Пујовски, аранжман на Живоин Глишиќ)…песна за која спотот го снимаше МРТ но, некако, мина незабележано кај јавноста…


Но, тоа е се’ минато а за сегашноста, за ова време се подготвува нешто ново. Апсолутно ново што не сме го слушнале од Ѓоко Ѓорчев, но пак што ќе биде приемчиво за широката публика во Македонија…
„Засега можам само да откријам дека музиката веќе се работи во студиото на Сашо Ѓорѓиев, човекот кој ги направи и првите два дуети со Кате. За текстот на себе одговорност зема нашиот прославен автор на стихови – Огнен Неделковски, додека аранжманот има желба да го прави Филип Стефановски. Ме радува што кога на моите соработници им кажав каква песна сакам да испеам сите тоа го прифатија со воодушевување. Им се допадна идејата за таа нова песна кој би требало да ме претстави во едно сосема ново издание“ ни рече Ѓоко Ѓорчев.
Тој не сака да открие повеќе детали за овој проект, освен дека ќе биде промовиран заедно со спот, а целиот проект ќе го поддржи винаријата „Бовин“.
Колку што успеавме да дознаеме станува збор за поп нумера, но во стил кој ретко (скоро воопшто) не се има работено кај нас.
Останува да почекаме и да видиме што ново „од својата музичка кујна“ овојпат ќе ни подготви Ѓоко Ѓорчев, а дотогаш можеме да ги слушаме неговите два дуети со Кате Танеска – „Земјо Библиска и „Последен танц“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …