(ВИДЕО+ФОТО) „Топлес инцидент“: Протестантка се обидела да го нападне Бил Козби

Во Филаделфија започнало повторното судење за сексуално злоставување на американскиот глумец и комичар Бил Козби (80) а првиот ден го одбележал инцидент…

Жената ја прескокнала оградата и тргнала кон Козби, но полицијата успеала да ја спречи, а потоа и да ја приведе.


Судењето на американскиот актер и комичар, 80-годишниот Бил Козби, кој се товари за сексуално злоставување кое наводно траело со децении, продолжило во понеделникот во Филаделфија.

Комичарот ја засилил својата одбрана, па му се приклучил Том Месер, адвокат кој успешно го бранел Мајкл Џексон на судењето за педофилија во 2005. година.


Меѓутоа, покрај тоа што овој случај е доволно скандалозен, пред Козби да влезе во судницата се случил уште еден инцидент, кога жена во топлес издание ја прескокнала оградата и се залетала кон Козби.

Жената на телото ги имала испишано имињата на злоставуваните жени, и натписот “Women’s Lives Matter”. Меѓутоа, не успеала да дојде до Бил, бидејќи полицијата ја сопрела и привела.


Инаку, жената која протестирала против Козби се вика Никол Рошел од Њу Џерси. Никол има 38 години и се појавила во 4 епизоди од славното “Cosby Show”. Потсетуваме повеќе од 60 жени го обвиниле Козби за сексуално злоставување кое траело со децении, а актерот ги демантирал сите обвиненија.

Судијата дозволил на следното судење да сведочат пет жени кои го обвиниле Козби дека ги дрогирал и силувал. Судењето мора да се повтори, бидејќи членовите на поротата не успеале да ја усогласат својата одлука.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …