(ВИДЕО+ФОТО) Тијана во финале на ТЛЗП: „Знам дека мојата земја ќе се соедини и ќе застане зад мене како во полуфиналето“

Вечерва во 21. часот ќе започне финалната емисија на регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“. Нашата претставничка Тијана Дапчевиќ како првопласирана влезе во финалето и не крие дека се надева дека ќе победи.
„Потполно сум опуштена зашто знам каде сум и колку се дадов себеси посебно во овие две нумери како Фреди. Ако кажам дека не се надевам дека ќе победам, ќе излажам. Сите финалисти потајно се надеваме. Јас знам дека мојата земја ќе се соедини, ќе застане зад мене и дека благодарение на гласовите од Македонија ќе поминам исто како во полуфиналето“, изјави Тијана за репортер.
Таа во последната емисија ќе го имитира Фреди Меркјури, пејачот на групата „Квин“. Едита ќе биде Бијонсе, Драгана ќе ја имитира Џенифер Лопез, Леон ќе биде Синан Сакиќ, а Стеван ќе пее песна од Елвис Присли.
Специјален гостин во емисијата ќе биде Елена Ристеска, а специјален член на жирито Тончи Хуљиќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …