Состојки:
300 г пченкарно брашно (или за палента)
300 г бело брашно
4 лажици гриз
неполна чаша (од 200 мл) масло
2 чаши минерална вода
1 прашок за печиво
1 врзоп блитва
1 чен лук
зачини по вкус
Подготовка:обарете ја блитвата па со сечканиот лук пропржете ја додека не омекне,зачинете со зачинска сол, црн пипер и со миксер вмешајте во останатите состојки. Смесата истурете ја во плех (20х20 см) намачкан со масло и наросен со брашно или покриен со хартија за печење, наросете со сусам и печете во рерна загреана на 220. степени, околу 20. минути.

(ФОТО) Посна проја со блитва
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.