(ВИДЕО+ФОТО) Солзи и смеа: Брена на сцената, од 22. метри, се симнала од ѕвезда!

За хумористичниот дел на концертот се погрижиле глумците Андрија Милошевиќ и Анѓелка Прпиќ. Андрија го отелотворил сопругот на Брена, Боба Живојиновиќ, а Анѓелка била Брена…
Лепа Брена (58) имаше концерт во белградската „Шарк“ Арена прославила 35. години кариера. Фолк ѕвездата на сцената се спуштила од врвот на Арената седејќи на голема ѕвезда од која ја пеела „Болиш и не пролазиш“, пишуваат српските медиуми.

Пејачката вчера имала двојна причина за славје бидејќи го прославила 58. роденден. Со неа пееле 20.000 луѓе, а се расплакала кога фановите и испеале роденденска песна.
„Таман мислев дека ова ќе биде мој проштален концерт, иако сега веќе не знам. Знаете дека концерт имам на секои седум години, ќе се видиме за седум години“, рекла Брена.
Пејачката се потрудила нејзиниот настап да биде во стилот на светските ѕвезди – бината на која одела била долга 22. метри, се симнувала со лифтови, менувала облека и перики, имала акробати и покажала дека и понатаму е во врвна форма кога станувало збор за точките со танцување.


За хумористичкиот дел на концертот се погрижиле глумците Андрија Милошевиќ (40) и Анѓелка Прпиќ (33). Андрија го отелотворил сопругот на Брена, Боба Живојиновиќ (55) а Анѓелка била Брена.

Поради големата навалица која се создала при влегувањето на публиката во салата настапот доцнел еден час. Во публиката можело да се слушнат хрватски, македонски, словенечки и бугарски јазик.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …