(ФОТО) Глумицата открила дека е тешко болна:„Инвалид сум, ме облекуваат!“

„Со години имав симптоми, но не ги сфаќав сериозно се додека не паднав пред пријател кој ме натера да одам на преглед. Мислев дека станува збор за вклештување на нерв“, открила глумицата Селма Блер.
Американската глумица Селма Блер (46) во саботата открила дека е болна од мултиплекс склероза која докторите и ја дијагносицирале уште во август.


„Инвалид сум. Понекогаш паѓам. Од рацете ми испаѓаат работи. Сеќавањата ми се како низ магла, а мојата лева страна бара упатства од расипан ГПС за правец на движење. Имам мултиплекс склероза“, рекла Блер. Таа открила и дека болеста на 16. август и ја дијагностицирал неврологот Џејсон Беркли, брат на глумицата Елизабет Беркли (46).
„Со години имав симптоми, но не ги сфаќав сериозно се додека не паднав пред пријател кој ме натера да одам на преглед. Мислев дека станува за вклештување на нерв. Од оваа неизлечива болест веројатно сум болна најмалку 15. години“, рекла глумицата, додавајќи дека се’ започнало со болки во вратот.


Голема поддршка и дава костимографката Алиса Свансон која ја дизајнирала облеката која глумицата ќе ја носи во серијата „Another Life“ на Нетфликс.
„Брилијантната костимографка Алиса Свансон не само што ја дизајнираше облеката што ќе ја носам во серијата туку грижливо ги навлекува панталоните на моите нозе, маичките преку глава, ми ги закопчува копчињата на палтото и ми нуди рамо на кое можам да се потпрам, рекла Селма Блер.
Блер на многу пријатели им заблагодарила на поддршката, меѓу кои се глумецот Фреди Принз Јуниор и глумиците Џејми Кинг и Сара Мишел Гелар. Открила дека симптомите се влошуваат, но дека дава се од себе за да животот го проживее со полни гради.
„Секогаш ви се спие, тоа е еден од симптомите. Сакам да спијам, но не спијам бидејќи сакам мојот живот да биде исполнет. Сакам да си играм со мојот син. Сакам да шетам по улиците и да јавам коњи“ рекла Селма.


Глумицата од 2004. до 2006. година била во брак со музичарот Ахмет Запа (44). Синот Артур Сеинт Блеик (7) го има од врската со модниот дизајнер Џејсон Блеик (48).
Мултиплекс склероза е хронична болест на средишниот нервен систем што значи дека воспалителните оштетувања можат да ги зафатат големиот и малечкиот мозок, мозочното стебло и сржта на кичмата. Се јавува во сите животни возрасти, но најчесто помеѓу 18. и 50. години живот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …