Рок легендата починала на возраст до 66. години како последица од срцевиот удар, пишува TMZ, но полицијата сеуште не ја потврдила таа вест.
Пејачот бил пронајден без свест во својот дом во Малибу и итно бил префрлен во болница во Санта Моника. Таблоидот додава дека Пети бргу бил исклучен од апаратите со оглед на тоа дека мозокот немал никакви активности.
Својата слава Том Пети ја стекнал во 70. ттите години на минатиот век како фронтмен на бендот „Tom Petty and the Heartbreakers“. Неодамна се вратил од турнеја со која одбележал 40. години работа на бендот, а имал и планови за во иднина.
Освен на сите познатиот класик „Free Fallin“ бендот имал и безброј други хитови, вклучувајќи ги „Stop Draggin’ My Heart Around,” „Breakdown,” „Listen to Her Heart”, „American Girl”,и многу други.
Покрај 13 албуми со бендот, издал и три соло албуми и бил дел до супер групата „The Traveling Wilburys“ во 80. ттите години на минатиот век, покрај Боб Дилан, Џорџ Харисон, Рој Орбинс и Џеф Лине.
Бројни фанови на музичарот,кој во 2002. година е вброен во „Рокенрол Салата на славните“, од својот омилен музичар се простуваат преку социјалните мрежи.
Oh no. Tom Petty RIP. Too young. So insanely talented & sweet. Soundtrack of our lives. pic.twitter.com/KcdfvLoVt0
— David Grinspoon (@DrFunkySpoon) October 2, 2017
Tom Petty got it right. Again. pic.twitter.com/C87ut1PwPU
— Eric Alper (@ThatEricAlper) October 2, 2017
#TomPetty 💔💔💔💔💔
I'm totally gutted. No words. pic.twitter.com/1NhE6uW2KE
— Patricia (@pgzwicker) October 2, 2017