(ВИДЕО+ФОТО) Оскари 2018 – Глам или блам: Мирен „дрма“ со текила а Лоренс прескокнува столчиња

Кралицата на забавата, Џенифер Лоренс, често „го краде“ вниманието на Оскарите. Освен што, претходните години, два пати паднала, сега сите ги насмеала со невообиченото позирање…
Годинешното, 90. доделување Оскари минало како и претходните, во знакот на добри „зафрканции“ на глумците во бекстејџот и нивните фанови на социјалните мрежи…
Глумицата Грета Гервиг (34) времето до главната церемонија „го кратела“ правејќи селфи со режисерите Стивен Спилберг (71) и Гилјермо Торес (53) во бекстејџот.


Оскаровката Хелен Мирен (72) се напила за опуштање, а како се шушка, чашка текила.

Потоа, Мирен танцувала во бекстејџот и ги насмеала присутните колеги.

Џенифер Лоренс (27) често „го краде“ вниманието на Оскарите. Освен што два пати паднала, додек во 2013. година се качувала по скалите за да ја земе златната статуетка и 2014. кога зачекорила на црвениот тепих, сега со невообиченото позирање сите ги насмеала.

Без придружба прошетала златен фустн на Диор и ги раширил рацете додека сите ја фотографирале.

Џенфер подоцна прескокнувала седишта, држејќи чаша со шампанско во раката и фустанот со друга рака за да не се сопне и падне.

Глумицата Тараја П. Хенсон (47) фановите „ја зезале“ поради опасната експресија на лицето додека давала изјава на црвениот тепих.
„Знаете што, вселената има свој начин да се погрижи за луѓето кои прават добро“ рекла и „влегла во аналите“.

Глумицата Лупита Нујонг (35) гледачите ја зезале дека се облекла да изгледа како златна оскаровска статуетка. На себе имала златен фустан од Версаче.

Со оглед на тоа дека многумина се сеќаваат на минатогодишниот гаф од доделувањето на Оскарите кога Ворен Бити (80) наградата ја доделила на погрешен филм, на социјалните мрежи „кружи“ зафрканција дека сега имињата на категориите се гледале дури и од вселената.

Фондот на буквите на годинешните коверти, како што велат, бил поголем од било
кога.

Мерил Стрип (68) оваа година им довикувала на добитниците на Оскар како и претходните.

Тројната оскаровка фановите ја зафркавале дека во црвениот фустан на Диор и со пунџата и очилата неодолливо потсетувала на Кумата вила од цртаниот за Штрек.

Комичарката Тифани Хедиш (38) добитниците дошла да ги најави во домашни пантофли.

Глумицата Виолет Дејвис (35) толку многу аплаудирала што прерамката од розевиот фустан на Мајкл Крос скоро и паднала.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …