(ВИДЕО+ФОТО) Леонардо ДиКаприо ќе биде ѕвезда на следниот филм на Тарантино

Славниот режисер Квентин Трантино минатата година најавил дека има намера да сними филм за убиствата кои Менсон и неговото „семејство“ ги направиле во 1969. година. Леонардо ДиКаприо службено потврдил дека ќе глуми во деветтиот филм на Тарантино.
Леонардо ДиКаприо потврдил дека ќе глуми во следниот проект на Тарантино, за убиствата на семејството на Менсон. Славната ѕвезда на „Титаник“ ќе отелотвори помалку иронична улога на глумец „во години“.
Деветтиот филм на Тарантино има силна атмосфера како „Pulp Fiction“, но дејствието му е сместено во летото 1969. година. Се шират гласини дека во филмот можеби ќе глуми и други познати холивудски лица како Бред Пит и Том Круз, како и Маргот Роби, но засега сеуште нема потврда за тоа.

Квентин Тарантино успешно го задржал превезот на тајна околу својот иден филм. Единствено што рекол е дека филмот не е за Чарлс Менсон, туку за глумец кој се обидува да успее во филмската индустрија.


Славниот режисер оригинално филмот требало да го снима во соработка со компанијата на Вајнстајн, но после низа обвинувања за сексуални напади, упатени на Харви Вајнстајн, Тарантино својот филм ќе го сними со компанијата„Сони Пикчрс“.
Уште една интересна гласина е онаа дека Квентин Тарантино наводно има намера да работи и филм во франшизата „Ѕвездени патеки“ заедно со сценаристот Марк Л. Смит кој го напишал „Повратник“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …