(ВИДЕО+ФОТО) Авантурите на „Докторот од планината“ од денеска на Сител

Сабота и недела во 18. часот – нова семејна драма
Од овој викенд, Сител телевизија започнува со емитување на познатата германска драмска серија “Докторот од планината”, која се емитува од 2008-та година па до ден денес. Досега се снимени над 100 продолженија, а серијата веќе се емитуваше во дневните термини и во земјите од регионот.

Во серијата се запознаваме со хирургот Мартин Грубер, кој по пет години патувања во Минхен, Париз и Њујорк, решава да се врати во своето родно село по повод роденднеот на неговата мајка. Кога доаѓа во Елмау, се шокира од трагедијата што се случила – починала неговата некогашна најголема љубов, жената која се омажила за неговиот брат Ханс. По погребот, по долго време, повторно го среќава својот ментор, доктор Роман и својата внука од брат, Лили. Доктор Роман му предлага на Мартин да ја превземе неговата ординација во селото, затоа што самиот планира да се пензионира.


На почетокот, др Мартин не е сигурен дали треба да ја прифати понудата или не, но неколку фактори ќе влијаат на тоа да самиот тој остане во местото. Открива дека Лили не е негова внука, туку негова ќерка, а имајќи ја и во предвид потребата на селаните од неговата медицинска помош, решава да остане во селото, да ја превземе ординацијата и да стане доктор во планината.

Секоја епизода, нова приказна. Секоја епизода, нов обид на Мартин и Ханс да ги спасат жртвите од несреќи во планината или планинарите заробени од изненадувачките бури. Прекрасен, но опасен планински амбиент ги очекува јунаците на оваа медицинска драма. Топла семејна приказна снимана во недопрената природа на Алпите. Драматична и возбудлива комбинација на емоции, акција и извонредна актерска екипа.
Секоја сабота и недела, во 18 часот на Сител, нова играна серија – “Докторот од планината”.
Улоги: Ханс Сигле, Хеико Рупрехт, Моника Баумгартнер, Ронја Форцер, Натали О’Хара, Сигфруд Рауч.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …