(ФОТО) Меган Маркле ја изврши првата службена должност: Граѓаните на Нотингем воодушевени од идната војвотка

Британскиот принц Хари и неговата вереница Меган Маркл ги воодушевија жителите на градот Нотингем, кои покрај студеното време му посакаа добредојде на парот и го поздравија нивното прво службено појавување во јавноста.
Парот слетал во Нотингем поради хуманитарен саем кој се одржува во овој град по повод одбележувањето на светскиот ден на борбата против сида.
За принцот Хари овој настан има симболично значење со оглед на тоа дека неговата мајка, принцезата Дијана која имала важна улога за отстранување на стигмата која долго време ја следи оваа болест. Токму таа во 1987. година ја отворила првата болница за лекување на заболени од ХИВ и АИДС во Лондон.
Хари и Меган ќе разговараат со професорите од Академијата во Нотингем за програмата “Full Effect”, иницијатива поддржана од Хари, неговиот брат Вилијам и сопругата Кејт. Целта на програмата е да ги одвратат младите од насилство.
Меган Маркл, идната војвотка, нема да ги продолжи соработките со многу организации во кои била активна, борејќи се за правата на жените, посебно за афро-американките. Во замена за тоа, ќе продолжи со хуманитарни акции како член на кралското семејство, онака како што тоа го прави Кејт Мидлтон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …