(ВИДЕО) „Флојд не се спротивставуваше – се чудеше!“

„Џорџ Флојд не се спротивстави на апсењето и ги следеше упатствата на полициските службеници пред неговата смрт“, открива неговиот пријател Морис Лестер Хол.
Хол (42) бил со Флојд во автомобилот при апсењето, што на крајот доведе до смрт на Флојд, откри Хол за Си-Ен-Ен.
Фаталната средба започнала кога полицијата им пристапила на двајцата додека седеле во возилото. Флојд седел во седиштето на возачот. Еден службеник дошол на страната на автомобилот каде што бил Хол и го прашал за лична карта, а потоа Хол слушнал бучава од спротивната страна каде друг службеник се обидуваше да го искрши прозорец од страната на Флојд.
„Пристапот на полицајците не беше во ред од почетокот, тие дојдоа на начин што го исплаши Флојд и тој се обиде да ја смири ситуацијата на наједноставен можен начин“, вели Хол, откривајќи дека Флојд ги прашал полицајците што сакаат, а еден му рекол да ги стави рацете на воланот по што го извадиле.


„Џорџ клекна на колена и се прашуваше зошто користат таква сила и зошто го уапсија. Па, тој беше таму, тој не бегаше, не му беше јасно“, рекол Хол.
Потоа Флојд бил одведен на другата страна на улицата и иако не ги слушнал повеќето полицајци што кажуваат, тој видел како Флојд има лисици е на земјата но и како се обидува да дојде до воздух. Тогаш, на Хол му било кажано дека може да си оди и мислел дека неговиот пријател бил одведен во медицинска клиника.
Дури следниот ден Хол откри како неговиот пријател починал. И тоа на социјалните мрежи“, рекла Ешли Мекфарлејн, адвокат на Хол.
„Гледањето на тоа видео следниот ден од тој агол … Ужасно е“, рекол Хол.


Смртта на Флојд на 25. мај предизвика стотици илјади Американци да протестираат низ Соединетите држави за да бараат правда за Флојд и казна за четворицата полицајци вклучени во инцидентот.
Конечно тоа им успеа,и сите полицајци се обвинети. Најсериозни се обвиненијата против Дерек Шовин, сега поранешен полицаец, кој му го притиснал вратот на Флојд со коленото.
Сепак, протестите во многу градови излегоа од контрола, па многу згради и деловни простории низ Америка се оштетени, запалени и уништени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …