(ВИДЕО) Филмот, според вистинска приказна, ги вознемирил гледачите на Нетфликс: „Лошо ми е, се плашам“

ФИЛМОТ направен според вистински настани на Нетфликс ги згрозил гледачите, а некои напишале дека им е лошо откако го гледале.
Станува збор за филмот Believe Me: The Abduction of Lisa McVey, кој пренесува приказна за тинејџерка од Флорида која во 1984.година била киднапирана од сериски убиец додека со велосипед се враќала дома од работа. Тогаш 17-годишната Лиза била киднапирана и држена во заробеништво 26. часа од серискиот убиец и силувач Боби Џо Лонг. Лиза успева да го убеди да ја пушти и со тоа останува единствената преживеана од неговите жртви, но по ослободувањето се соочува со друг проблем: скоро никој не и верува.


Иако филмот бил снимен уште во 2018. година, тој привлече внимание затоа што неодамна се појави на Нетфликс и веднаш стана тема на социјалните мрежи.
Судејќи според коментарите, приказната на Лиза погоди многумина.
„Се обидувам да го гледам ‘Верувај ми: Киднапирањето на Лиза МекВеј’ на Нетфликс и ми се гади од тоа. Боже, ова е ужасно”.


„Само што гледав ‘Верувај ми’ на Нетфликс и плачев низ целиот филм. Фактот што е снимен според вистинска приказна го прави особено застрашувачки и тажен”.

Инаку, Лонг убил најмалку 10 жени на Флорида во текот на осум месеци. Тој билпрогласен за виновен за вкупно осум убиства, како и за киднапирањето на Лиза МекВеј и бил осуден на смрт. Тој бил погубен во 2019. година.
Лиза станала полицаец, специјализирана за злосторства од сексуална природа и работи на заштита на деца. Лонг бил фатена благодарение на нејзината присебност и помош, иако во тоа време имала само 17. години.
“Се сеќавам дека се молев на Бога само да не ме убие. Тој ме силуваше многу пати, престанав да бројам”, изјавила таа порано за Fox 13.
Таа успеала да го убеди да ја пушти да си замине ветувајќи му дека ќе му биде девојка и му рекла дека мора да се врати дома бидејќи има болен татко за кој ќе се грижи.

„Му реков дека се сретнавме несреќно, но дека сè уште можам да бидам негова девојка и дека никој не треба да знае“, раскажува таа.
Таа исто така се потруди да ги остави своите отпечатоците во бањата на Лонг, но и да се потсети на деталите од неговиот стан и неговиот изглед иако имала врзани очи.
„Во еден момент ми ги стави рацете на лицето. Имаше лузни, мали мустаќи, мали уши, кратка коса уредно исечена, тој беше голем, но не и дебел. Бев мирна додека им ја раскажував на полицијата мојата приказна, знаев дека морам да им помогнам да го фатат ова момче пред тој повторно да нападне , рекла таа по повод.
Лонг бил уапсен благодарение на нејзината помош во 1984. година, а една година подоцна се изјаснил за виновен за осум убиства и за киднапирањето и силувањето на Лиза МекВеј. Тој бил осуден на 28. доживотни затворски казни и смртна казна за убиството на 22-годишната Мишел Симс.
Иако во филмот се наведува дека Лонг чека да биде погубен, тој е погубен во меѓувреме, во мај 2019. година.

Фото: Netflix

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …