(ВИДЕО) ФАЌАЛ БИК ЗА РОГОВИ САМО ЗА ДА ГО СНИМАТ: Следниот момент грдосијата го „истресла како чаршав“ после ручек!

На луѓето им паѓаат на памет секакви идеи за да фотката или снимката им биде атрактивна. Некои во тие обиди умеат и да претераат, па дури и себе да се доведат во сериозна опасност.
Таков е случајот и со ова момче, кое смислило да го снимат додека за рогови држи огромен бик. Иако во почетокот животното делувало мирно и подготвено за соработка, во еден момент на бикот му здодеало да учествува во таа луда шарада па го вивнал момчето во воздух кое потоа, нормално, паднало на земја.
Можеби оваа лекција ќе го научи на памет да не се слика по секоја цена, само за да има атрактивин фотографии или видео со кои ќе сврти внимание на себе. Додуша и со оваа снимка свртел внимание, но сигурно атерирањето на земја било многу болно…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …