На интернет е објавена интересна мапа која се занимава со најчестите злосторства по европските земји.
Имено, TikTok профилот Map Vault објави мапа која открива кои злосторства се најчести во европските земји. Оваа мапа открива дека трите најчести злосторства во Европа се дрогата, вандализмот и поткупот.
@mapvault #germany🇩🇪 #europe #geography #maps #mapsandmore #maps #mapping #mapvault #german ♬ Originalton – 🇹🇷♡🇰🇷
Секако, сите веднаш нè интересира кој криминал е најзастапен кај нас, а многумина веројатно веднаш би погодиле за кое кривично дело се работи. Според оваа мапа, кај нас најчесто кривично дело е поткупот, што не е ни чудо.
Поткупот е најчестиот криминал и во другите земји од поранешна Југославија, односно во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Косово. Ова кривично дело е карактеристично за сите источноевропски земји, но и за Шпанија и Италија.
Кога станува збор за другите земји, злосторствата поврзани со дрога се најчести во скандинавските земји, Велика Британија, Германија, Швајцарија и Австрија. Додека вандализмот е најчестиот криминал во Франција и Полска.
Фото: Принтскрин/TikTok