Се запалил солитер во изградба во Хонг Конг и морале да ја евакуираат целата зграда.
Во четвртокот вечерта во Хонг Конг избувнал пожар во солитер, поради што биле евакуирани околу 170 лица од околните згради. За среќа во овој пожар нема повредени. Оваа зграда се наоѓа во густо населена комерцијална област во Хонг Конг, а пожарот зафатил дури 42 ката од оваа зграда во изградба.
Skyscraper under construction on fire in Hong Kong. pic.twitter.com/OjTnbEBi9k
— Dr Vincent Sativa 🇺🇸 (@The_Weed_Shop) March 3, 2023
Пожарникарите цела ноќ се бореле со огнот, кој успеале да го изгаснат дури во петокот наутро. Во акцијата за гаснење на пожарот учествувале дури 250 пожарникари. Гаснењето на пожарот уште повеќе го отежнало запалувањето на градежниот материјал користен за изградба на објектот.
Фото: Принтскрин/Twitter