(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО СПАСУВАЊЕ, ЗАВРШИЛЕ ПОД ЛЕДОТ: Спасувачите по снежно невреме ги извлекле луѓето заглавени во возилото кај Лонг Ајленд!

Американските пожарникари морале да го пробијат мразот за да спасат две лица заробени откако нивниот камион влетал во мореуз во државата Конектикат во близина на Лонг Ајленд, соопштија локалните власти.
Снимките на социјалните мрежи во близина на градот Стемфорд во Конектикат покажуваат дека спасувачите пружаат скала во мразот за да спасат две лица во камион кој тоне.


„Силните ветрови, снегот и плимата продолжија да го движат возилото и да го исполнуваат со вода“, изјавил Мет Палмер, заменик директор на противпожарната служба во Стемфорд.


Околу 60 сантиметри снег, кој паднал во понеделникот и вторникот на североистокот на САД, усмртил три лица и го затворил скоро целиот сообраќај.
Некои од спасувачите од Стемфорд, кои носеле жолти заштитни елеци, пливале низ ледените води на морето за да ги извлечат луѓето од камионот, пред тој да потоне.


Фото: Принтскрин/Youtube prtscr / Stamford Fire Department

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …