Додека погребните работници се подготвувале да ја пренесат старицата преку подвижната лента до крематориумот, ќерката одеднаш го запрела процесот.
Една жена во Аргентина била шокирана кога откри дека нејзината 89-годишна мајка е сè уште жива, и тоа само неколку секунди пред нејзиното тело да биде кремирано.
Woman spots her 'dead' mother, 89, is ALIVE just seconds before she was CREMATED https://t.co/F9sTDxxDBk
— Daily Mail Online (@MailOnline) January 28, 2021
Забележала нешто чудно
Старицата, која не била именувана, била примена во приватна болница во Резистенсија, на северот на Аргентина, откако минатата сабота се пожалила на болка во градите. Следниот ден, нејзината ќерка била известена дека несреќната жена починала после срцев удар, пренесува Daily Mail.
Додека погребните работници се подготвувале да ја пренесат старицата преку подвижната лента до крематориумот, ќерката врескала да го запрат процесот откако забележала дека нејзината мајка сè уште дава знаци на живот. Жената е вратена во болницата, каде во моментов се наоѓа на интензивна нега, објавиле локалните медиуми. Ќерката ја пријавила клиниката, а властите потврдиле дека ќе спроведат истрага.
Фото: Тwitter