(ВИДЕО) ДРАМА НА РУСКИ АЕРОДРОМ: Авионот се запалил при слетување – 344. патници биле во смртна опасност!

Најмалку 49. лица се повредени синоќа кога при слетувањето на авион на руската чартер компанија „Азур ер“ во западен Сибир се запалил, соопштија локалните власти.
Според Регионалниот медицински центар кано на агенцијата „Тас“, во несреќата лесно се повредени 48. лица, додека само една жена е хоспитализирана.
Локалниот центар за итни случаи изјавил за „Итар Тас“ дека во 21:21 часот по локално време, авионот слетал на аеродромот „Барнаул“ во западниот сибирски регион Алтај, додека пилотот претходно пријавил во контролната кула дека е можно за време на слетување да има оган.


Пожарот на тркалата на авионот во кој имало 344 патници и членови на екипажот е изгаснат по слетувањето, додал „Итар Тас“. Според руската агенција, веќе е поведена истрага за можни причини за инцидентот во авионот на „Азур Ер“ за време на летот од Кам Ран, Виетнам до Барнаул.

Екран.мк/Tanjug
Фото: Printscreen Twitter RT


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …