(ВИДЕО) „ДНК“ со видео спот за темата „Пола човек“ но и’ со ЦЕЛ ХИТ!

Вистинско освежување на македонската сцена!
„ДНК“ со спотот за темата „Пола човек“ покажаа дека кога се има мотив, желба, но и знаење, може да се направи вистинска хит песна која и’ на прво слушање нема да ве остави рамнодушни. Напротив, ќе ве испровоцира да ја слушнете уште еднаш, и уште еднаш и полека да почнете да ја потпевнувате!
А, кога ќе го гледате видеото тогаш ќе отпатувате во еден друг свет…можеби (за некого и’) непознат, но интересен…ќе впловите во еден видео филм кој нема да ве остави рамнодушни. За тоа пак е најзаслужен Александар Ристовски Принс кој уште еднаш покажува дека режијата му е јака страна…Несекојдневен, оригинален и уникатен…
Но, голем удел во целото видео заокружување има и Олгица Стрика, девојка која втор пат е во спот на „ДНК“ и во „Пола човек“ е како вистинска, успешна, глумица…
„’Пола човек’ е еден модерен блуз, со тежина, има жичка на она што порано го работевме но во едно ново и современо видување“, ни рече Владимир Блажев, кој може да се заклучи дека е многу здоволен од тоа што го направиле.Па, и’ треба да биде задоволен.
„Пола човек“:
Музика – Панчо/ Лазар Цветковски.
Стихови – Панчо/Магдалена ЕНА Цветковска
Аранжман – Лазар Цветковски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …