(ВИДЕО) Дивееле во Ауди и Мерцедес на паркинг па завршиле еден во друг

Дуелот на два спортски ривали завршил без победник – Мерцедес удрил во Ауди.
Два суперспортски автомобили со над 600 КС, празен паркинг и премногу слободно време, што може да тргне наопаку? Ако возачите се заиграат и немаат искуство, во најблаг случај ќе завршат со материјална штета.
И додека во вакви случаи вообичаено сме сведоци дека автомобилот премногу се занесува при „дрифтање“ и завршува во бандера или на работ на тротоарот, тука случајот е многу полош. На видеото се гледа како Mercedes E63 силно се лизга на празен паркинг поради премногу гас, каде што има само едно исто толку вредно Audi.


Судејќи по снимката, во исто време возачот на Ауди почнал да се лизга, но не успеал да стигне далеку. Му се испречил на Мерцедес чиј возач не го забележал навреме. Доаѓа до прилично силен удар поради кој двата автомобили ќе мора да поминат низ скап сервис.
Судејќи по епилогот, среќата во несреќата е што овие двајца очигледно невнимателни возачи не се решиле да ги усовршат своите возачки способности на јавните патишта. Последиците тогаш би можеле да бидат значително полоши од стутканиот лим.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …