Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, им се придружил на политичарите кои ја примија вакцината против вирусот корона пред тв камерите.
Со тоа, тој исто така сакал да го убеди американскиот народ дека вакцините на Фајзер се безбедни, пренесуваат локалните медиуми.
Бајден рекол дека неговата сопруга била вакцинирана порано дента.
„Ние им должиме многу на овие луѓе – научници и други кои го овозможија ова, луѓе кои се на првата линија, како и на сите оние кои беа ангажирани во клиничката работа“, рекол тој.
.@ABC News SPECIAL REPORT: President-elect Joe Biden gets COVID-19 vaccine. WATCH LIVE: https://t.co/9jNiq64Ar3
— ABC News (@ABC) December 21, 2020
Тој исто така рекол дека не треба да патуваат ако не е потребно.
Меѓу високите американски официјални лица кои веќе ја примиле вакцината се актуелниот потпретседател Мајк Пенс, спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и други.