(ВИДЕО) Џенифер Лопез во бикини покажала сериозни стомачни мускули

ЏЕНИФЕР Лопез ја подигна температурата на Инстаграм со нова фотографија и видео кое ги остави фановите без зборови. Таа позира во црно бикини со златни детали и се пофали со извајаниот стомак.
„Летен режим: активиран“, напишала таа.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


„Се заљубив“, „Гориш“, коментирале некои обожаватели.
Пејачката и актерка својот изглед го должи на напорните тренинзи во теретана. Еден од нејзините тренери, Дејвид Кирш, рекол дека нејзините тренинзи се состојат од кардио, плиометриски вежби, како и вежби за целото тело, јадрото и долниот дел од телото.
„Вежбите што ги правиме се многу интензивни и таа ги сфаќа сериозно. Нејзините тренинзи се брзи, таа е многу фокусирана и полна со енергија”, изјавил Кирш за Vogue.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …