(ВИДЕО) Девојката параноично се плаши да оди на состаноци: ДНК тестот открил застрашувачка вистина

Корисничка на TikTok тврди дека ДНК тестот ѝ помогнал да открие дека има повеќе од 50. полубраќа или полусестри, поради што станала параноична да оди на романтични состаноци.
Изи им објаснила на своите придружници дека тестирањето го направила во 2018. година бидејќи сакала да знае од каде потекнуваат нејзините предци. Покрај тоа што открила дека нема италијански корени, како што претходно мислела, ја контактирала друга жена која ја користела истата услуга за тестирање. Таа ѝ кажала дека има совпаѓање со ДНК со нејзината ќерка.
„Потоа ме праша дали сум дете донор на сперма бидејќи нејзината ќерка е. Почна да ме фаќа паника бидејќи може да биде моја полусестра бидејќи јас сум дете на донатор. Потоа ми се јави полусестрата на донаторот и ми откри дека е во контакт со други мајки кои користеле негова сперма и дека неговите деца се дел од групата на Фејсбук на која треба да се приклучам“, се присетила Изи.
Во групата имало повеќе од 50. членови на различна возраст и сите ги поврзувал ист татко. Девојката признава дека меѓу нив имало параноја поради бројноста, особено затоа што можеле да завршат во врска со некој што е во роднинска врска со нив.

@izzyvn_98what a life lol #donorbaby #triplets #siblingcheck #ancestrydna #IDeserveTuitionContest #fypシ #ZFlipClackdown


♬ original sound – Sarah Cothran


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …