Глетката на девојка на која и тече вода по лицето на прв поглед не е ништо чудно и изгледа како добра фотографија. Меѓутоа, кога луѓето ќе слушнат дека всушност се работи за слика, се чудат.
И навистина, не е лесно да се разбере како некој може да наслика толку реална сцена.
The artist is “Philipp Weber Artist” on instagram
https://t.co/uhnBDSaKfO https://t.co/TQSsgexkge
— 🐲TIZZY🇲🇾🌺 (@TI25AQYAH) November 19, 2021
Сепак, очигледно тоа му оди многу добро на Германецот Филип Вебер.
Philipp weber pic.twitter.com/9muCSimzmH
— نَواف (@iHx_) November 16, 2021
Овој уметник ја бара внатрешната вистина во оние што ги слика. Најчесто тоа се убави жени во традиционални пози од списание, но тој ги прикажува на таков начин што не ја истакнува обичната илузија на совршенство, туку ги покажува и нивните несовршености и длабоко човечки приказни.
Филип наоѓа инспирација во филмовите, книгите, патувањата, уметниците и креативните луѓе, а пред сè во личните приказни на обичните луѓе.
„Моите слики се за животот и смртта, очајот и надежта. Природата и елементот вода често играат улога, како и трагедијата и внатрешната сила“, вели Филип, кој е роден во Росток во 1974. година, а сега живее и работи во Берлин. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Касел, каде што повремено престојува и на Универзитетот за уметности во Берлин.
Фото: Принтскрин/Instagram