(ВИДЕО) Девојка и момче се запросиле во исто време, видеото стана хит на Инстаграм

За многумина ДИЗНИЛЕНД е идеалното место за запросување девојка или момче, но еден пар се нашол во прилично уникатна ситуација. Имено, во видео кое деновиве кружи на Инстаграм, една девојка решила да го запроси своето момче, но не знаела дека тој има идентичен план.
Девојката клекнала пред момчето и го извадила прстенот, а тој „пукнал“ од смеење и потоа го извадил прстенот и клекнал пред неа. Парот потоа рекол „Да“, се гушнале, бакнувале, со громогласна поддршка од нивните пријатели кои биле со нив, а цело време делувале со неверување дека нивните планови се испреплетени.

Видеото стана голем хит на Инстаграм и досега собра 414 илјади лајкови и илјадници коментари, а во продолжение ќе одбереме само неколку.
„Тие навистина се сродни души“, „Создадени се една за друга“, „Ова е една од најсилните сцени досега“, „Ова е добар знак дека ќе имаат добар живот“, „Ми го разубавија денот“, се само неколку од коментарите под видеото.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …