(ВИДЕО) ДЕВОЈЧЕТО НА КОЕ ЛЕКАРИТЕ МУ РЕКЛЕ ДЕКА НЕМА ДА ПРООДИ ги направила првите чекори!

ПРЕД ТРИ години Моли Винкот ја донела на свет својата ќерка Миа. Бебето е родено со две дупки во срцето, поради што долго време била на интензивна нега како бебе а исто така боледува од реткиот синдром Јоуберт, генетско нарушување во мозокот зпоради кое никогаш нема да може да оди или да зборува. Барем така верувале лекарите, кои ја предупредувале 22-годишната мајка за тоие состојби, но малечката Миа ги направила првите чекори.
Нејзината мајка го снимила овој значаен момент и го споделила на социјалните мрежи, каде што стана вирален хит.


Малата Миа прооде во кујната со помош на нејзината розева одалка.
„Моето срце пука од радост“, напишала Моли, откривајќи му на рекламата „Andover Advertiser“ дека долго време ја имала одалката, но не обрнувала внимание на тоа сè додека не била обоена во нејзината омилена боја.

„Кога и  покажав дека одалката е розова, таа беше пресреќна и направи неколку чекори“, рекла мајката.
Иако целото семејство помина многу нешта, ова е моментот што ја разбудил нивната надеж и им донела солзи на радост на нивните лица.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …