(ВИДЕО) Детали во аутфитот на Бијонсе со кои им одала почест на Коби и неговата ќерка

Вчера се одржа комеморијација за Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, кои трагично загинаа во хеликоптерска несреќа кон крајот на јануари, со седум други лица.


Покрај семејството, многу славни спортисти и други познати личности се собраа во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес за да оддадат почит на легендата за кошарката. Бијонсе била задолжена за музика на комеморацијата, која го испеала својот хит Halo и омилената песна на Коби, XO.


Покрај со музиката, на кошаркарот и неговата ќерка им оддала почит и со нејзината облека.
Бијонсе носела костум во боја која Коби ја носеше на дресот, додека на ноктите што ги налакирала во виолетова боја ги испишала неговото име и прекарот на неговата ќерка, Џиџи.


Облеката ја надополнила со впечатлив прстен со голем виолетов камен, ускладен со обетки и златен ѓердан.
На крајот на нејзиниот настап, Бијонсе испратила бакнеж кон небото и со солзи рекла: „Ве сакам“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …