(ВИДЕО) Дац и Александар ја продолжуваат веселбата: „Вакцина“ за повеќе ведрина во време на пандемијата!

Една година по првата песна посветена на пандемијата „Корона чао“ но и ведри ноти за сите нивни фанови, Драган Спасов Дац и Александар Митевски“ се огласија со нова песна – „Вакцина“…
„На денешен ден, 24 април лани, ја промовиравме “КОРОНА ЧАО” и токму на годишнината од оваа песна ви подаруваме нова. “Вакцина” е кавер на светски познатата “МАРИНА”, во придружба на нашите музички пријатели, направена за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов 🙂 Благодарност до нашата публика која е цело време со нас во целиот пандемиски период, а ние продолжуваме да и возвраќаме со многу љубов, позитивна енергија и насмевки…“, напишаа Дац и Александар во објаснувањето на настанокот на новата песна која веќе стана хит…

Уживајте..
Александар и Дац
Кавер верзија на “Марина” од Роко Граната
Текст: Александар Митевски / Драган Спасов
Дувачки состав: Брастет Скопје
Армоника: Војче Петрушев
Виолина: Илија Филиповски
Пијано: Боби Јоргушески
Многу сака една Ангелина
да ја снема чумава од Кина,
во Србија се пиша за вакцина,
а можам да ја вакцинирам јас!


ВАКЦИНА (lyrics / текст)
Антитела мери Ангелина,
и пие 24 витамина,
се би дала она за вакцина,
а пукнав да ја вакцинирам јас!

Рефрен:
Вакцина, вакцина, вакцина
за тебе и мене е спас,
Вакцина, вакцина, вакцина
ма, дај да те пелцувам јас!
Малце ќе те пецне, малце ќе те боцне,
ти треба знам вакцина,
вакцина љубовна.
Малце ќе те пецне, малце ќе те штрецне,
љубов знам ти треба
и малку на-на-на!


Многу сака таа Ангелина
да и дојде редот за вакцина,
од ѕвонење матичниот го шина,
а сакам да ја вакцинирам јас!

“Корона Чао” нејзе и е химна,
а куќна слава – термин за вакцина,
Фајзер, Спутник, Астра ил’ од Кина,
а може да ја прими мојава…


Рефрен:
Вакцина, вакцина, вакцина
за тебе и мене е спас,
Вакцина, вакцина, вакцина
ма, дај да те пелцувам јас!
Малце ќе те пецне, малце ќе те боцне,
ти треба знам вакцина,
вакцина љубовна.
Малце ќе те пецне, малце ќе те штрецне,
љубов знам ти треба
и малку на-на-на!

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …