(ВИДЕО) Дамир Пух – Со објавување на „Neon Flame“ ја најавува промоцијата на албумот!

Neon Flame е насловот на новиот инструментален сингл на Дамир Пух, кој воедно е најава за новиот соло албум “Divergence”, кој излегува на 17ти ноември оваа година. Се работи за енергична и модерна композиција, со уникатен спој на стилови, која внесува свежина на прогресивната сцена. Со својата слоевитата ритмичка и хармонска структура, избоена со храбра експресија на електрична гитара, Neon Flame сеопфатно го отсликува времето во кое сите живееме.


Музиката, аранжманот и продукцијата се дело на Дамир, додека видео анимацијата е изработена од артистот под псевдоним Aiplague, користејќи вештачка интелигенција и машинско учење врз зададени параметри од кои се креира сцена и движење. Сето ова резултира со анимација со моќен современ печат која придонесува за несекојдневно аудио-визуелно доживување на песната.
„Divergence” е продолжение на авторскиот опус на Дамир, после деби-албумот „Recollection”, издаден во 2017та година.
Освен како соло-артист Дамир е активен како продуцент и гитарски инструктор на престижната светска платформа JTC Guitar.
Дамир е и основач на прогресивниот рок бенд „Station: Innermost“, со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ и неколку синглови, остварено соработки со артисти како Derek Sherinian (Billy Idol, Allice Cooper, ex-Dream Theater) и настапувано како предгрупа на Deep Purple.

Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …