(ВИДЕО) Citroen ги објавил цените за новиот C4

Францускиот производител ги објави цените на новата генерација на „Citroen C4“. Компактниот хечбек, кој целосно го смени имиџот и сега изгледа како кросовер, ќе се нуди со бензин, дизел и електричен погон.
Различната слика на моделот „C4“ на Ситроен нè враќа во старите времиња кога се очекуваше овој производител да биде необичен, авангарден. Смел, но многу внимателен потег да се направи славниот хечбек малку поблизу до кросовер, без да биде нов модел, сигурно ќе биде добро прифатен, бидејќи „C4“ има своја клиентела, а вакви верзии на каросеријата се најбарани денес.


За новите димензии, дизајнот одвнатре и однадвор, се знае скоро се, а сега се објавени и верзиите на погонот.
Што се однесува до конвенционалните погони, новиот „С4“ е подготвен со бензинци од 100, 130 и 155 КС, чија почетна цена е 20.900, како и дизелашите од 110 и 130 КС, кои започнуваат од 23.200 евра. Можат да се комбинираат со рачен или осумстепен автоматски менувач.



Како поддршка на овој тренд е и фактот дека новиот „С4“, покрај дизелот и бензинот, ќе се напојува и од електрична енергија. Верзијата „е-С4“, ​​со моќност од 100 kW, односно 136 КС и опсег од 350 километри, ќе чини 28.600 евра, но со вклучена субвенција што Франција ја дава за електрични возила во износ од дури 7.000 евра.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …