(ВИДЕО) Брз непечен колач со нутела

Фините десерти со крем сигурно на многумина се слаба точка, а овој колач со нутела е токму еден од таквите
Состојки:
Подлога:

240 г мелени бисквити
150 мл млеко
150 г путер или маргарин
95 г шеќер
160 г чоколадо за готвење
Крем:
380 г крем сирење (на пример АБЦ)
60 г шеќер во прав
760 мл слатка павлака
240 г нутела
Глазура:
200 мл слатка павлака
200 г млечно чоколадо
Подготовка: прво калапот, страните, обложете ги со прозирна фолија, а дното со хартија за печење. Потоа направете ја подлогата. Во поширок сад ставете го млекото, додајте го исечканиот путер или маргарин и шеќер. Ставете на рингла и мешајте до вриење, додека шеќерот и путерот не се истопат.Потоа додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека не се истопи. Потоа, тргнете го садот од ринглата и додајте ги бисквитите. Убаво измешајте и оставете малку да се излади. Смесата префрлете ја во калапот и убаво втиснете, израмнете (користете лажица или шолја со рамно дно). Калапот префрлете го во фрижидер подлогата да се стврдне.
За тоа време подгответе го кремот. Со миксер изматете го крем сирењето со шеќерот во прав. Во друг, поголем сад изматете ја слатката павлака во цврст шлаг, па додајте го изматеното крем сирење и повторно соединете на најмала брзина.
Добиениот крем поделете го на два дела. Во една половина додајте ја омекнатата нутела и се добро соединете со миксер.
Извадете ја подлогата од фрижидерот и на неа распоредете го белиот крем. Израмнете се до рабовите.
Преку белиот крем нанесете го темниот крем, внимателно извлечете се до рабовите.
Колачот префрлете го во фрижидер.
Сега подгответе ја глазурата: во помал сад на рингла загревајте ја слатката павлака до вриење. Пред да зоврие тргнете го садот од ринглата и во павлаката додајте го искршеното млечно чоколадо и мешајте додека чоколадото не се истопи.
Внимателно истурете ја глазурата преку колачот и вратете во фрижидер, добро да се излади пред служење, а најдобро е да стои преку ноќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …