ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ШЕФОТ НА МЕДИЦИНСКИ СТРУЧЊАЦИ ОД ШАНГАЈ: „Битката против корона вирусот може да потрае и’ две години!“

„За да се најде решение за ширење на инфекцијата за краток временски период, мерките мора да бидат крајно радикални“, предупреди Чанг
Нормално,дека коронавирусот се појавува и исчезнува
Битката против коронавирусите во Европа би можела да трае и до две години, според шефот на тимот на медицински експерти за КОВИД-19 од Шангај, Чанг Чанг Венхонг.
За време на видео конференцијата организирана од Генералниот конзулат на Кина во Дизелдорф за припадниците на кинеската заедница и кинеските студенти, тој рекол дека би било совршено нормално вирусот да се појави и да исчезне и пандемијата да трае една или две години“, јавил „Утрински весник на јужна Кина“.


„За да се најде решение за ширење на инфекцијата за краток временски период, мерките мора да бидат крајно радикални“, предупредил Чанг.
Тој рекол дека пандемијата може да се запре ако целиот свет престане да се движи четири недели, пренесе ТАСС.
„Сепак, не можам да замислам дека некогаш ќе биде возможна глобална суспензија, дури ни во Германија или Европа“, додал Чанг.
Досега повеќе од 17.000 луѓе починале од оваа болест, а најмалку 400.000 се заразени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …