(ВИДЕО) Брачна двојка од КИНА имала големи долгови, но благодарение на новиот тренд заработиле милиони

Овој пар до пред неколку години бил во сериозни долгови, а сега се едни од најпознатите влијателници во Кина, заработувајќи милиони…
Кина стана една од најпознатите земји во руралното претприемништво, поради што продавачите на овошје и зеленчук бргу им продаваат производи на потрошувачите преку видео.
Така, продажбата се зголемила за 15. пати во споредба со минатата година. Некои земјоделци имаат 7,3 милиони следбеници на кинеската верзија на Тик Ток и заработуваат околу 300 милиони јуани, што е околу 40 милиони евра годишно.
Овој пар има околу 2,5 милиони следбеници кои гледаат како берат овошје, и на тој начин можат да порачаат што би сакале да купат. Додека продаваа преку една програма за тргување, тие имаа околу 100 нарачки за купување на ден, а сега имаат над 50.000 и заработуваат околу 1,2 милиони евра месечно.

Државна поддршка
Земјоделците во Кина имаат и дополнителна државна помош. Имено, Комунистичката партија се залага за реализација на „сан нонг“, трите проблеми на земјоделството, руралните области и земјоделците. Во насоките објавени на 11. јуни, владата повикала на проширување на опфатот на руралните области со Интернет, со цел да се зголемат приходите на земјоделците.
Земјоделството останува еден од најважните економски сектори во Кина, вработувајќи речиси четвртина од работната сила.


Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …