(ВИДЕО) Богати деца во Црна Гора: Снимката на која средношколец со 500. евра си ги чисти патиките многумина збесналa

Инстаграм е преполн со профили на кои богати и размазени деца од целиот свет се фалат како се расфрлуваат со пари и богатство.
Сиромашниот Балкан се чини како последното место каде би можело да се најде такво расипништво, но новиот тренд, кој се појавил во Црна Гора сведочи дека тоа и’ не е баш така.
Фејсбук страницата Podgorički vremeplov неодамна споделила снимка на која се гледа како еден средношколец со 500. евра си ги брише патиките.


Novi trend djece crnogorskih bogataša


Posted by Podgoricki vremeplov on Donnerstag, 7. Dezember 2017

Судејќи според коментарите, снимката многумина налутила.
„Убаво, баш убаво…Раце со шампанско, патики со пари…а со што се чисти образот?“ напишала една корисничка на Фејсбук.
„Нека ги прашаат татковците и мајките колку пари треба за да си го измијат образот. Нека им се срамат газовите кога немаат образ“ напишал друг.
„Мене би ми било срам мое дете ова да го прави па макар и со лажни банкноти“ се согласила трета.
Дека ова не е изолиран случај ни потврдува и компилацијата од видеа кои ги добивме од истата сраница каде се гледа дека во Црна Гора парите не се користат само за чистење патики туку и за други работи како скара или мешалка за цемент“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …